fbpx

Две групи радовишани физички се пресметале пред зградата на Судот

 Две групи радовишани физички се пресметале пред зградата на Судот

Вчера во 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш.

Според информации од полицијата до пресметката дошло по рочиштето кое било одложено. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор:соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link