ДЗС: Во Богданци безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

 ДЗС: Во Богданци безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

Денеска, околу пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци во индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС), соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од Дирекцијатастручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна.

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Share via
Copy link