fbpx

Филип Купанов го продолжи договорот, останува во Брера и следната сезона

 Филип Купанов го продолжи договорот, останува во Брера и следната сезона

Брера Струмица одново покажа дека размислува на иднината и во своите редови ќе го задржи младиот голман Филип Купанов. 

21-годишниот чувар на мрежата потпиша договор и за следната сезона со струмичкиот прволигаш. Брера напиша дека Купанов со својата работа и добри партии се наметнува на голманската позиција, а останува да видиме дали ќе добие шанса како прв голман. Минатата сезона младото момче запиша четири настапи во ПМФЛ.

Share via
Copy link