Гогов:Ниту некој од советниците на СДСМ бојкотирал, ниту ќе бојкотира одлука на граѓаните
Гогов:Ниту некој од советниците на СДСМ бојкотирал, ниту ќе бојкотира одлука на граѓаните

Носителот на советничката листа на СДСМ, Миле Гогов, со реакција за неприсуството на денешното доделување на уверенијата од страна на ОИК. Реакцијата објавена на неговиот фејсбук профил ја пренесуваме интегрално.
Почитувани граѓани, сакам да ве известам дека ниту јас, ниту некој од советниците на СДСМ бојкотирал ниту ќе бојкотира одлука на граѓаните.
Се работи за недоразбирање кое настанало во исвестувањето.
Во овој случај мене ме извести госпоѓата Евица Трајанова во 09:06 часот.
Јас реков дека е премалку време и нема да може да стигнеме на доделување на уверенијата.
Ми даде број од господинот Томе Стојчев да се консултирам , а не знам се уште кој фактор е и каква улога има во целиот процес. Му образложив дека нема да сме во можност да дојдеме во 11 часот и дали би можело утре, сите заедно и целосни да бидеме на свеченоста на доделувањето уверенија при што негови изговори беа дека имале закажани медиуми и слично. Повторно го замолив на што добив одговор ” еми д-р вии така не научиите”. После овој негов неадекватен одговор му реков дека не може така да разговара и осети дека сум навреден, почна да дава објаснувања. Увиде дека е грешка , се извини неколку пати, меѓутоа неговото искрено мислење го кажа.
Овој начин на постапување е јасен показател за демонстрација на сила, ароганција и политичка некултура.Не станува збор за часовна разлика, туку за однос кон луѓето, кон избраните претставници на граѓаните кои заслужуваат барем минимално почитување.
Институциите не смеат да бидат алатка за партиски игри или за потсетување „кој е на власт“, туку пример за коректност и достоинствено постапување.Таквиот однос само покажува страв и слабост, не сила. Силата се покажува со работа, со резултати и со култура во однесувањето, а не со понижување на политички противници.
Јас не очекувам привилегии, но очекувам основна пристојност.Затоа што тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на воспитување, морал и карактер.
Фото: фб Миле Гогов