И годинава се организираат Бадникарска поворка и Бадникарски концерт

 И годинава се организираат Бадникарска поворка и Бадникарски концерт

Фондација Елеуса, во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при храмот ,,Св. Кирил и Методиј” и ВИС „Стихири“, а под покровителство на Општина Струмица, на 6 јануари со почеток во 12 часот на плоштадот ,,Гоце Делчев” пред платото на НУЦК ,,Антон Панов” во Струмица, Ве поканува да бидете дел од хуманитарниот Бадникарски концерт 2026.

Поворката ќе тргне од манастирот „Свети петнаесет“ во 10:30 часот и ќе се движи по улиците „5 Ноември“, долж црквата „Свети Кирил и Методиј“,а потоа по улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Стив Наумов“, долж улицата „Герас Цунев“, покрај зградата на Општина Струмица каде ќе се направи пауза па се до Плоштадот „Гоце Делчев“ каде во 12 часот ќе започне Божиќниот концерт.

Share via
Copy link