fbpx

Избувна пожар на Евзони, границата e затворена!

 Избувна пожар на Евзони, границата e затворена!

Избувна пожар кај граничниот премин за влез во Грција.

Според информациите граничниот премин е затворен.

Членовите на фејсбук страницата „Грчка инфо“ велат и дека е затворен дел од автопатот Атина – Солун.

Од МВР известија дека е затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот.
-Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој избувна на грчка страна, во моментов е во прекин сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран, стои во соопштението на МВР.

Share via
Copy link