Костадинов: Без помош од државата сами ќе најдеме решение за вработување на негувателки во градинките

 Костадинов: Без помош од државата сами ќе најдеме решение за вработување на негувателки во градинките

-Бидејќи дечињата згрижени во градинките под надлежност на општина Струмица имаат потреба од негувателки, а Министерството за финансии на Гордана Димитриевска-Кочовска и Министерството за труд и демографски политики на Фатмир Лимани одбија да ни дадат согласност за ангажирање на нови негувателки, ние сами ќе најдеме решение за вработување на потребниот кадар, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Општина Струмица и јас нема да дозволиме никогаш дечињата да страдаат поради терање на партиски инает и непринципиелни предизборни агенди.Итен ребаланс на буџет само за тој основ е навистина неопходен, се работи за нашите деца!Очекувам дека за многу брзо време потребните негувателки и воспитувачи и технички персонал ќе почнат да работат со дечињата во нашите градинки, напиша струмиичкиот градоначалник.

Share via
Copy link