Костадинов: „Детска Радост“ останува мојата прва школа за љубов и пријателство
-Денеска ја посетив градинката „Детска Радост“ – но не само како градоначалник, туку и како дете во душа што се врати на местото каде што започнуваат првите животни приказни, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-На мое изненадување, побарав да го пробам гравчето кое го јадеа дечињата. Сакав лично да се уверам каква храна им сервираме на нашите најмили. И да – беше прекрасно. Но вистинскиот вкус дојде со спомените.
Се присетив на моите детски денови…На истите ходници по кои трчав.На креветчињата на кои спиев.На првите другарства, првите симпатии, првите соништа.Се врати времето кога детската радост беше единствениот закон кој го знаевме – и беше доволен.Оваа градинка ми даде многу. И токму затоа денес им оддавам голема чест и длабока почит на оние кои секој ден ја одржуваат оваа магија жива.Честитки до директорката Фроска Хаџитосева, до воспитувачките, негувателките, хигиеничарките, готвачките – за нивниот тивок, но бесценет труд!Вие сте срцето на оваа институција. Ви благодарам што создавате генерации со љубов и посветеност.
Со директорката разговаравме и за предизвиците со кои се соочуваат. И покрај политичкиот инает од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, решението е најдено. Јавно и одговорно: на сметка на децата – политика нема да дозволам!Детската радост мора да остане недопирлива – светиња која ја чуваме сите заедно, напиша струмичкиот градоначалник.