Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии

 Костадинов ја одби средбата со министерката за финансии

По јавната реакција на струмичани за намерното недавање на согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, средба со мене побара министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Средбата ја одбив, од неколку причини:

Првата причина е тоа што се бараше на средбата да одам само јас, а таму да дојдат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таква нетранспарентна средба не прифаќам. Или е тет-а-тет или сите заедно. Моделот на средби со “шушкање” не го прифаќам.

Втората причина поради која ја одбив средбата е непрофесионализмот на Министерството. Имено, со месеци не ни е исплатен повратот на ДДВ на јавното претпријатие за транспорт во Струмица со цел истото да биде блокирано, струмичани да немаат јавен превоз а ВМРО-ДПМНЕ да има тема за политичко лешинарство. Иако во повеќе наврати повикував, немаше слух од надлежната министерка се додека не видоа некоја политичка придобивка за нив од остварување на средба.Јас немам намера да бидам инструмент на нивниот ПР.

Трето, ние проблемот со недостаток на кадар во градинките во Струмица си го решивме сами. Сега нема зошто да се гледаме, задоцнивте како што доцните и со довршувањето на регионалниот пат кај Дабиле кон Бугарската граница. Доцните и со компјутерска томографија во Струмичката болница.Доцните и со проектите ветени за Струмица.Доцните со правдата, а често и ја опструирате, напиша струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

Share via
Copy link