Блаже Шапов во трка за трет градоначалнички мандат во Богданци, Ристо Џинев за Дојран
Костадинов: Плоштадот повторно дише, Струмица повторно стои исправено!
-Ова не беше само урбанистичка одлука.Ова беше одлука за вредностите. За идентитетот. За кому му припаѓа градот – на народот, или на мал број привилегирани? Денес, плоштадот е слободен. Корзото – отворено.Објектите што не му личеа на градот се минато.И градот доби воздух. Доблест. Гордост, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Голем дел од граѓанството ми даде поддршка – јасна, гласна и искрена.Но имаше и такви што се двоумеа.Некои се прашуваа: „Ќе издржи ли? Ќе се повлече ли?“Не. Не се повлекувам кога е тешко – тогаш стојам најцврсто.
А што зимно време?Како и насекаде во светот.Се седи внатре. Се користат тела за греење.Се носи јакна. Се пие топол чај. Се ужива во зимата.И се живее со достоинство. И најважно – угостителите не само што опстанаа, туку денес функционираат подобро од кога имаа нелегални објекти.Затоа што имаат уредени услови, чесни рамки и град што не дозволува хаос.И добија нешто што е поретко и од приход – добија почит.Благодарност до сите што ја разбраа намерата.
Простување за тие што се двоумеа.Почит и за тие што реагираа – затоа што и тие се дел од овој град.Но, јас сум градоначалник – не за да бидам симпатичен,туку да бидам одлучен. Праведен. И доследен. Следи зеленило. Засадување. Обнова.Ќе го направиме плоштадот најубавото градско срце во Македонија.
Слика на новата Струмица – чиста, урбана, европска. Кај мене:– Зборот е збор.– Одлуката е одлука.– Плоштадот е на граѓаните. И само на граѓаните. Струмица, благодарам.Што веруваш кога молчам.Што разбираш кога зборувам.Што стоиш со мене кога делувам.Ова е само почеток, напиша струмичкиот градоначалник.