Tags : Струмица

В сабота во Струмица Света Литија со иконата на Богородица

В сабота, 18 април 2026 година, по деветти пат ќе биде изнесена светата икона со ликот на Пресветата Богородица Брзопослушничка на улиците низ Струмица. Празнувањето ќе почне во петок со свечена вечерна богослужба. Во сабота, по Светата Божествена Литургија која ќе почне во 8.30 часот во манастирот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, свештената литија во […]

Струмица доби нов парк во просторот на некогашната касарна

Денеска официјално е отворен новиот современ парк на површина од 12.712 квадратни метри на просторот на поранешната касарна, во близина на детската градинка „Виножито“. На отворањето се обрати градоначалникот на Струмица, Петар Јанков. -Со инвестиција од 390.000 евра создаден е парк на површина од 12.712 квадратни метри со 1.628 метри пешачки патеки од природен травертин, […]

Струмица и Тетово лани биле најзагадените градови кај нас, Македонија

Македонија е на второ место во Европа според загадувањето на воздухот со ПМ честички, а во светот е на 34 место. Струмица и Тетово биле најзагадени градови во државата лани, а вредностите на ПМ 2,5 честичките биле пет до седум пати над дзволеното. Овие податоци се соопштени во Извештајот на „Ај-кју-ер“ за лани. Линк до […]

Во Струмица се одржува Државното првенство во шах за ученици

Струмица денеска е домаќин на Државното првенство во шах за ученици од основните и средните училишта во Македонија. Првенството се одржува во спортската сала на СОУ „Јане Сандански“, а го отвори градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков. Тој на учесниците им посака добредојде во Струмица, општина во којашто со години се вложува во младите, во […]

Пожар во затворот во Струмица

-На 17.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во две простории од затвореното одделение во Затвор Струмица, информираа денеска од СВР Струмица. Како што се наведува во кусото соопштение, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Фото: илустрација архива

Градоначалникот на Струмица оствари средба со амбасадорката на Грција

Градоначалникот Петар Јанков и денеска имаше уште една средба со претставник на димпломатскиот кор во државата, амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипиду, соопштија од локалната самоуправа. Се истакнува дека на средбата се разговарало за можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво, како и за иницијативи кои можат […]

Амбасадорот на Велика Британија, Лосон во посета на Општина Струмица

Делегација на Амбасадата на Велика Британија во Македонија, предводена од амбасадорот Метју Лосон, денеска беше во официјална посета на Општина Струмица, соопштија од локалната самоуоправа. Градоначалникот Петар Јанков, го запознал амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети. -Се водеа разговори и на актуелни теми, но и […]

Уапсена лихварка од Струмица, затекната е при примање пари-месечна камата

МВР соопшти дека на 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.  Имено, […]

Четири лица се сомничат за опожарување на џипот „ланд ровер“

МВР Соопшти дека на 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од село Владевци, струмичко, А.Т.(26) од село Еднокуќево, струмичко и К.Г.(19) од Струмица поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со настанатиот пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавено во […]

Опжарени два автомобила на улица „Браќа Миладиновци“ во Струмица

На 21.02.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во времето од 19:30 до 19:45 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, кој се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, соопштија денеска од полицијата. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на ул. […]