„Фолколрна низа“ во низа ги реди настапите

 „Фолколрна низа“ во низа ги реди настапите

КУД „Фолклорна низа“ од Струмица ид почетокот на годината во низа ги реди настапите со кои докажува дека фолклорот е неисцрпна ризница и можност за презенртирање на наученото на најразлични настани и манифестации.

На 1 феверуари година струмичките фолклористи беа гости на Алфа телевизија каде настапија во емисијата „Везилка“,  а истиот месец, на 21, учествуваа на Струмичкиот карневал со маската „Бал на цветовите“,  а настапите на Карневалот ги заокружија на традиционалната манифестација „Тримери“.

-Облечени во прекрасна староградска облека нашите учесници со достоинство и гордост ја доловија убавината на староградската традиција, носејќи дух од минатото во сегашноста. Со насмевки, елеганција и љубов кон фолклорот уште еднаш покажаа дека традицијата живее преку младите генерации, велат од „Фолклорна низа“.

Настапите продлжија и на 22 март годинава како гости на настан организиран за прв пат во Македонија од ТИМ ЗОРАН Кик Бокс.

Од 17 до 19 април фолклористите беа на етно камп во Банско, Бугарија, а учествуваа на Литијата вом чест на Богородица Брзопослушничка.

На 26 овој месец ќе бидат гости на хуманитарен настан во сел Сушица, општина Ново Село, а на 5 мај „Фолклорна низа“ ќе гостува на ” Ѓурѓовденски средби ” 2026 Ново Село, во организација на ОУ Дом на култура” Јане Сандански” Ново Село.

На 7 мај играорците ќе настапат во Зрновци на фестивалот ” Спроведување на Ѓурѓовденски традиционални, обичаи, песни и ора 2026, во организација на ФА” Љупчо Сантов” Оризари- Кочани.

На 10 мај се гости на 33- ти Меѓународен фестивал пролетни веселби ” ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ” , Чалакли, Валандово, а круна на досегашниоте успешни настапи ќе биде целовечерниот концерт кој ќе се одржи на 30 мај во НУЦК „Антон Панов“- Струмица.

Share via
Copy link