Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“
Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“

Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“, со што се потврдува нејзиниот врвен придонес во унапредувањето на урбаната мобилност.
Признанието беше доделено од Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, во рамки на настанот организиран од програмата „ЕУ за општините“, по повод шест години континуирана поддршка за општините во државата.
Проектот „Вело Струмица“ претставува значаен чекор кон развој на одржлив транспорт, подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на здрави навики кај граѓаните.
Наградата е уште едно признание за посветеноста на Општина Струмица во креирањето современи, еколошки и одржливи решенија во интерес на заедницата.