Општина Струмица е добитник на наградата за општинска извонредност за проектот „Вело Струмица“
СВР Струмица со известување и апел:континуирано се санкционира непрописното паркирање, да се паркира на обележани паркинг места

Секторот за внатрешни работи Струмица следејќи ги информациите пласирани на одредени социјални медиуми за наводно не санкционирање на непрописно паркирани возила на подрачје на Струмица, ја информира јавноста дека полициските службеници континуирано преземаат мерки и активности согласно законските надлежности, при што редовно се санкционираат сите утврдени прекршоци.
Полицијата останува доследна во спроведување на сообраќајните правила и прописи со цел обезбедување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот.
Активностите за контрола и санкционирање на непрописното паркирање на возилата на улиците и тротоарите ќе продолжи и во иднина.
Апелираме до возачите превозните средства кои ги управуваат да ги паркираат на обележани паркинг места, почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација, а се со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Во спротивно, за непочитување на истото ќе се продолжи со преземање на законски мерки и возачите ќе бидат санкционирани согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.