(ФОТОГАЛЕРИЈА) Собир на ретро возила/олдтајмери на Струмичкиот плоштад
Средното училиште „Никола Карев“ го одбележа патрониот празник

На денешен ден во 1905 година, на само 27 години, загина еден од најголемите македонски синови и револуционери, водачот на Илинденското встание и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.ДСУ- РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица со гордост го носи неговото име и на секој 27 април со пригодна програма го одбележува патрониот празник на училиштето.
Меѓу почитувачите на животот и делото на Карев и пријателите и поддржувачите на училиштето, беше и градоначалникот Петар Јанков кој положи свежо цвеќе пред спомен бистата и им го честиташе празникот на учениците, професорите и останатите вработени со желба за уште поголеми резултати во воспитно – образовниот процес.
Фото: Општина Струмица