Костадинов:4 мај 1903 година, без сомнение е најтажниот датум во историјата наша македонска

 Костадинов:4 мај 1903 година, без сомнение е најтажниот датум во историјата наша македонска

-Ние, Македонците, паметиме и одбележуваме бројни настани од нашата вековна и богата историја и на сите тие настани, значајни датуми, но и на луѓето кои биле дел од нив, сме исклучително горди.Но постојат и такви датуми кои останале врежани во македонскиот незаборав кои вечно болат, и ќе болат се дури постојат Македонци на ова наше парче земја, или било каде на земјината топка. Еден од тие датуми е 4 Мај 1903 година, без сомнение најтажниот датум во историјата наша македонска, денот кога Македонија и Македонците ја доживееа најголемата загуба во своето постоење. Тоа е денот кога во селото Баница, Серско, беше убиен апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, несомнено најмаркантната фигура во севкупниот споменар за вековниот македонски непокор низ годините и вековите наназад, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Денеска во Струмица и по 122 години од смртта на бесмртниот Делчев , чествувавме и му се поклонивме на најголемиот македонски син, во знак на почит и благодарност за сиот негов влог, за се што несебично сторил за нас и за нашата љубена татковина, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link