Костадинов:да ја креваме свеста и да не ја загадуваме животната средина!!!

 Костадинов:да ја креваме свеста и да не ја загадуваме животната средина!!!

Апелирам, да ја креваме свеста и да не ја загадуваме животната средина!!! Нашата цел не е да казнуваме, но мора еднаш засекогаш да ставиме ред во Струмица и струмичко!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Согласно Извештаите за спроведени активности од страна на општинскиот инспектор за животна средина на општина Струмица на ден 05.02.2025 година – среда извршени се три вонредни инспекциски надзори од кои еден кај правен субјекти со дејност производство на друг мебел, еден кај правен субјект производство на алуминиумски конструкции и еден инспекциски надзор е направен над физичко лице.

Од извршените инспекциски надзори констатирани се неправилности кај сите три субјекти на надзор и тоа :

– Кај еден правен субјекти ќе биде поведена прекршочна постапка согласно член 37 став (4) од Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 9000 евра за правниот субјект и 500 евра за управителот на правниот субјект на надзор,

– Кај еден правен субјекти ќе се донесе Решение за изработка на Елаборат за животна средина-

За едно физичко лице ќе биде поведена прекршочна постапка согласно член 37 став (4) од Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 250 евра.

Во периодот кој следува вонредните надзори, кои се спроведуваат од страна на Инспекторот за животна средина на Општина Струмица, ќе се објавуваат на официјалната страница на општината, напиша струмичкиот градоначалник.

Фото: архива

Share via
Copy link