Одбојкарките вечерва против Луксембург во Европската сребрена лига
Костадинов:Реков дека ќе има ред во Струмица — и има!
-Не зборував за привиден ред, туку за суштински ред. Ред кој значи безбедност, законитост и почитување на институциите. Денес, таа порака е разбрана, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов по денешноти уривање на бесправно подигнати објектри на јавна површина.
-Му благодарам на секој што ја сфати сериозноста – и на инспекциите, и на полицијата, и на сите кои не чекаа туѓо одобрение за да постапат правилно. Благодарам и за трпението – но не заборавајте: тоа трпение е сила, не слабост.
Ова е порака до сите:Струмица се менува.Се менува на подобро. Во град во кој се разговара, но не се калкулира со редот. Во град каде што постои разбирање – но не на сметка на законот.
Ред и поредок – тоа не е избор. Тоа е обврска.И таа обврска ќе се исполнува – без компромиси, напиша струмичкиот градоначалник.