fbpx

Кривична пријава против струмички дилер на кокаин

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.К.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 02.02.2020 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, полициски службеници извршиле преглед врз Љ.Б. од Струмица и кај него пронашле кокаин, кој според неговиот исказ го купил од пријавениот С.К.

Извор: Билтен МВР

Share via
Copy link