Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко Костурино ќе се обесштети
Кривична пријава за „проневера во службата“ против поранешен претседател на ловечко друштво од Струмица

МВР денеска соопшти дека СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ.
Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие.
Со таквите дејствија Д.Р. прибавил за себе противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, за кој износ е оштетено ловечкото друштво.
Фото: илустрација МВР