Лишен од слобода турски државјанин, во патничко возило превезувал пет мигранти

 Лишен од слобода турски државјанин, во патничко возило превезувал пет мигранти

МВР соопшти дека вчера во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција.

Имено, при сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција. 

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: МВР

Share via
Copy link