Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Машко лице се удавило во Дојранско Езеро, повикани се нуркачи да го бараат

Денеска во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило.
Како што соопштија од СВР Струмица, полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето.
Фото: архива