fbpx

Милиони денари ќе бидат распределени на сметките на оние кои скенирале преку Мој ДДВ

 Милиони денари ќе бидат распределени на сметките на оние кои скенирале преку Мој ДДВ

Управата за јавни приходи најави дека месецов на сметките на граѓаните ќе легнат 500 милиони денари.

Се очекува на сметките на граѓаните кои скенирале сметки да легнат парите од редовниот поврат за претходните три месеци и од викендот без ДДВ.

За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ околу 63 милиони денари.

Граѓаните преку викендот без ДДВ може да набават било кој македонски производ во вредност до 30.000 денари, а потоа да ја скенираат сметката со што можеа да остварат поврат и до 4.500 денари.

Илјадници граѓани купија мебел од македонски компании, а нешто помал поврат за данок имаше и за IT опрема, каде ДДВ изнесува 5 проценти.

Share via
Copy link