fbpx

Полициски билтен: Потешко повреден велосипедист од непознато возило, физички напад во Банско

 Полициски билтен: Потешко повреден велосипедист од непознато возило, физички напад во Банско

Вчера во 05:30 часот на ул. “Климент Охридски“ пред крстосницата со локалниот пат за село Градско Балдовци во Струмица, засега непознато возило удрило во велосипедист Т.А.(56) од село Куклиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А. кои му биле констатирани од доктор во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

Синоќа на полноќ во СВР Струмица, К.Б.(31) од село Банско,струмичко пријавила дека околу 23:00 часот на место викано “Скртот“ во атар на село Банско била физички нападната од Р.Б., Е.Н. и Е.Н.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link