Министерот за локална самоуправа Перински во посета на Општина Валандово

 Министерот за локална самоуправа Перински во посета на Општина Валандово

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински,  оствари работни посети на Општина Валандово каде што се сретна со градоначалницикот Ѓоко Камчев, членовите на советите и општинските администрации, соопшѕија од Министерството за локална самоуправа.

Во Општина Валандово, на средбата со градоначалникот Ѓоко Камчев, биле разгледани тековните состојби, секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и активностите што се реализираат на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на процесот на ажурирање на базите на даночни обврзници, кој има за цел зголемување на сопствените приходи и подобрување на финансиската одржливост на општините.

Преку двата јавни повика за капитални инвестиции, во Валандово се финансираат вкупно 5 проекти, со вкупна вредност од 107.038.333 денари, што претставува значајна поддршка за локалниот развој.

-Со јасна координација и конкретна поддршка можеме да обезбедиме реален напредок во развојот на општините и подобар квалитет на живот. Со таков пристап, општина Валандово ќе продолжи со одговорно управување и засилена реализација на проекти што имаат директно и мерливо значење за локалната заедница, се наведува во пренесената изјава на градоначалникот Камчев.

Share via
Copy link