fbpx

Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн

 Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и амбасадорката Холштајн

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан кој беше придружуван од германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн.

На средбата директорот Мојсовски го запозна Сарацин со актуелните младински политики и иницијативи во државата, како и за предизвиците кои не очекуваат наредниот период. Мојсовски потенцираше дека Агенција за млади и спорт е релевантен партнер на младите луѓе и дека тие ја имаат целосната институционална поддршка, но исто така кажа дека како институција агенцијата активно придонесува во работата и развојот на RYCO како производ на Берлинскиот процес и ќе продолжи во иднина да дава придонес во афирмација на RYCO и приближување до младите.

Сарацин ја нагласи важноста и потребата младинското учество да се зголемува и да овозможува младите да бидат вклучени во процесите и ги поздрави иницијативите и политиките за млади кои се спроведуваат во Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваа и Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ од Канцеларијата на Претседателот на Владата кои кажаа дека Владата посветува сериозно внимание и силно ги поддржува младите во процесите на донесување на одлуки и ги поттикнува да бидат креатори на нивната сегашност и иднина.

Share via
Copy link