Со механизација и рачно се чистеше крајбрежието на Дојранско Езеро
НОВУС спроведе анкета за потребите на младите од струмичкиот микро регион
Центар за истражувања и анализи НОВУС преку проектот „Нова Генерација на Силни и Гласни млади“, финансиски поддржан од Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport, имаше за цел да ја истражи моменталната состојба и преку анкетни листови да го мапира јавното мислење за да се утврдат потребите на младите во општините од Струмичкиот микро регион како и истражување на последиците врз младите предизвикани од кризата со Корона вирусот.
Ова се само дел од резултатите од анализата:
– Младите сметаат дека тешко можат да го изјаснат својот став за одредено прашање или политика.
– Повеќе од 2/3 од испитаниците се запознаени со терминот граѓански организации, но помалку од ½ од испитаниците се запознаени со ГО во својата општина.
– Повеќе од ¾ од испитаниците сметаат дека треба да постојат полесни канали за комуникација помеѓу младите и општината и институциите.
За повеќе информации и детални заклучоци разгледајте ја анализата на следниот линк: https://rb.gy/2ftjt
Ова истражување има голема важност за разбирање на потребите и предизвиците на младите во Струмичкиот микро регион. Извлечените наоди ќе помогнат да се развијат подобри канали за комуникација и да се усовршат механизмите за вклучување на младите во донесувањето на одлуки и креирањето на младински политики кои влијаат врз квалитетот на живот на младите.