Објавен Конкурсот за 27.Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

 Објавен Конкурсот за 27.Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

АФОРИЗАМ

Во оваа категорија секој автор учествува со најмногу 10 афоризми, отпечатени во три примероци, со шифра, и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците може да учествуваат со повеќе трудови од по 10 афоризми, со посебна шифра за секој труд.

КАРИКАТУРА

Во оваа категорија секој автор учествува со најмногу 3 карикатури, работени во техника по избор на авторот, со димензии А4. На секоја карикатура, на задната страница, треба да стојат податоци за авторот.

РОК НА КОНКУРСОТ

Трудовите треба да пристигнат најдоцна до 15 февруари 2026 година.НАГРАДИ Се доделуваат три главни награди: Златна, Сребрена и Бронзена плакета. Право на организаторот останува да додели одреден број дополнителни награди.

АДРЕСА

Делата се испраќаат на адреса: НУ Центар за култура „Антон Панов“ Плоштад „Гоце Делчев“ бб. 2400 Струмица Со назнака: За конкурсот на афоризам и карикатура.

АВТОРСКИ ПРАВА

Пристигнатите дела од двете категории остануваат во сопственост на организаторот и авторот, со право за нивно претставување во јавноста, во каталог или друг вид публикација.

ЖИРИРАЊЕ

Сите дела пристигнати во определениот рок ќе ги разгледа соодветно жири, кое ќе ги додели наградите на 23 февруари 2026 г. (Чист понеделник), кога ќе биде организирана изложба и претставување на наградените дела.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ Тел.: ++389 70 291 544 Е-адреса: anton.panov.sr@gmail.com

Share via
Copy link