fbpx

Одржана завршната конференција од проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести“

 Одржана завршната конференција од проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести“

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ во просториите на EU house во Струмица ја одржа завршната конференција на проектот Читај меѓу редови: Спротивстави се на  дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести“,поддржан од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“, а финансиски поддржан од Европската унија.

На завршната конференија беа презентирани постигнатите резулатите од проектот, а заедно со присутните беа разгледани и препораките кои беа испечатени и промовирани во ДОКУМЕНТ СО ПРЕПОРАКИ ЗА СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО ЕРА НА ДИГИТАЛНИ ВЕСТИ И ЈАКНЕЊЕ НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА.

Препораките се однесуваат на единиците на локалните самоуправи, за образовниот сектор, за медиумите и за граѓанските организации.

-Медиумската писменост и борбата против дезинформациите е сеопфатен и комплексен процес којшто бара ангажмaн од сите клучни чинители и неоспорен факт е дека не може да се оствари само со една активност или акција, ниту да се регулира со еден закон. Сепак, обидите на граѓанскиот сектор, вклучитечно и на „Медија Флеш“ којa е една од пионерските организации за развој на медиумска писменост на локално ниво, треба да се земат во предвид и токму препораките, анализите, информациите од терен и застапувачките процеси се клучни за унапредување на оваа комплексна област. Неоспорен факт е дека недостасува систематски пристап за промоција и унапредување на медиумската писменост во државата, како и стратегија која ќе содржи јасни активности, акции, буџет и план за имплементација, каде младите и учениците ќе бидат примарен таргет и токму преку тоа да се „движат“ низ светот на информации и да знаат што е точна, а што е лажна вест, беше истакното на Конференцијата.

Со одржувањето на завршната конференција и официјално заврши реализрањето на проектот кој се реализираше во изминатите девет месеци.

Share via
Copy link