Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Отворен повик за новинарски награди за креативност и новинарска етика
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во партнерство со Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) објавува годишен конкурс за новинарски награди со цел да се поттикне и награди квалитетното и етичкото известување, посветено на точни и професионални медиумски објави. Целта на овој повик е да се привлечат пријави кои пред се ќе бидат фокусирани на медиумски објави преку кои се анализираат дезинформации во општеството и неточни наративи, без оглед на нивниот извор. Наградите се посветени на борбата против дезинформациите и промовирање на родово чувствително известување, поттикнувајќи го јакнењето на новинарскиот интегритет.
Комисијата за избор посебно ќе внимава на квалитетот и оригиналноста на новинарското истражување и анализа, на точноста, релевантноста и влијанието / одекот на темата во јавноста.
Времетраење на повикот: од 12.03.2024 до 12.04.2024 година.
Паричен фонд во бруто износ: за прва награда 125,000 МКД, за втора награда 75,000 МКД, и за третата награда 50,000 МКД.
Критериуми за пријава за новинарските награди:
- Секој апликант може да достави најмногу две пријави во кои тој или таа се јавуваат како автори или ко-автори,
- Апликантите во пријавата накусо да појаснат зошто сметаат дека пријавата ги исполнува бараните услови и цели на повикот
- Медиумските објави потребно е да бидат објавени на традиционални или онлајн медиуми кои се регистрирани во Македонија, со исклучок на објави на платформата www.jasno.mk која е во рамки на оваа инцијатива на ЗНМ и УНДП
- Медиумските содржини потребно е да бидат објавени во периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година.
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните треба да ја достават својата пријава преку електронска пошта на следниве адреси: contact@znm.org.mk со назнака „ЗА ЗНМ / УНДП НАГРАДА“ или по пошта до: Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје.
Крајниот рок за доставување на апликации е 12.04.2024 (недела) до 23.55ч, ЦЕВ.
Само пријавите кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат земени предвид.
За дополнителни информации, заинтересираните новинари можат да се обратат на 02 / 3 298 139 секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Оваа активност е дел од иницијативата „Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за справување со дезинформации и родово базирани дезинформации“, кој се имплементира со финансиска поддршка на Данска, Луксембург, Република Кореја и Шведска, во рамки на програмата UNDP Funding Windows.