Пионерите на Брера шампиони на едно коло пред крајот на првенството

 Пионерите на Брера шампиони на едно коло пред крајот на првенството

Пионерскиот состав на Брера го крена шампионскиот пехар откако титулата ја заверија на едно коло до крајот на првенството, по дуелот со Беласица во кој славеа.

-Генерацијата 2008 предводена од тренерот Мартин Алаѓозовски, покажа најмногу оваа првенствена сезона во својата конкуренција, оставајки го Вардар зад себе, независно од епилогот во последното коло.Ова е прва титула за нашите младински погони оваа сезона. Месецов очекуваме и други. Потврдуваме дека сме клуб кој професионално работи со сите генерации за што зборуваат пласманите. Пионерите се увертира за една нова добра генерација на струмички фудбалски деца, во кои треба да се инвестира и професионално работи за успеси во иднина.Мартин Алаѓозовски и ова сезона се покажа како одличен стратег со младите. Лани тој ја освои титулата со фудбалерите родени 2005 а годинава почна да ,,бруси“ една нова генерација од која допрва очекуваме добри резултати, објавија од Брера.

Пехарот на шампионите им го додели претседателот на ОФС Рома Илиев заедно со членот на УО на ФФМ Дарко Костовски.

Фото: Брера

Share via
Copy link