Полициски билтен: агресивно однесување кон полицајци и физички напад во Радовиш, пожар во куќа во Струмица

 Полициски билтен: агресивно однесување кон полицајци и физички напад во Радовиш, пожар во куќа во Струмица

На 03.01.2026 во 00:40 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода О.Х.(24) од село Подареш, радовишко, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, односно додека постапувале по претходна пријава дека на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници, од една страна и А.Х.(21), О.Х.(24) и Ј.В.(18), тројцата од село Подареш, радовишко, од друга страна.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 03.01.2026 во 02:30 часот во Полициската станица Радовиш, К.Т.(18) од село Подареш, радовишко, пријавил дека околу 01:15 часот во Радовиш бил физички нападнат од неколку малолетни лица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 02.01.2026 во 20:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека околу 18:30 часот на ул.„Прохор Пчински“ во Струмица настанал пожар во куќа. Од екипа од Територијалната против пожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.

Фото: ислустрација архива

Share via
Copy link