Полициски билтен: физички напади во радовишко,Струмица и Гевгелија
Нa 05.10.2025 во 21:30 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода М.Е.(37) од село Калуѓерица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:00 часот физички ги нападнал С.Т. и М.Т. од истото село, а со употреба на сила и предмети ја оштетил и нивната куќа. М.Е. е задржан во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот против М.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2025 во 17:00 часот во Полициската станица Гевгелија, Т.Ш.(42) од Гевгелија пријавила дека околу 16:40 часот во Гевгелија била физички нападната од едно лице. Полициската станица Гевгелија презема мерки за расчистување на случајот.
На 05.10.2025 во 22:15 часот во Полициската станица Струмица, Н.Т.(36) од село Добрејци, струмичко, пријавил дека околу 17:30 часот во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.