Полициски билтен: полициско куче откри дрога во Радовиш, пронајдена граната во Нов Дојран…

 Полициски билтен: полициско куче откри дрога во Радовиш, пронајдена граната во Нов Дојран…

На 09.04.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода А.Г.(22) од Радовиш. Имено, истиот ден полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш и полициски службеник-водач на службено куче од Регионален центар за гранични работи Исток извршија пребарување на простор околу поранешна винарска визба на ул.„Чеде Филиповски Даме“ во Радовиш, при што службеното куче пронајде две пакувања со марихуана. По преземените мерки дојдено е до сознание дека марихуаната ја сокрил А.Г., кој во службен разговор признал дека е негова. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава.

На 08.04.2026 во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишија од слобода Ј.М.(19) од Штип и Ј.К.(18) од село Сулдурци, радовишко. При преглед кај нив, кај Ј.М. била пронајдена марихуана, а подоцна во службен разговор изјавиле дека ја купиле од Д.П.(24) од Радовиш, кој во 17:30 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 09.04.2026 во Полициското одделение Нов Дојран, Д.А.(78) од Нов Дојран пријавил дека во нива во атар на Нов Дојран пронашол граната. Службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, при што е утврдено дека се работи за неексплодирана артилериска граната 155 мм, која потекнува од Првата светска војна.

На 09.04.2026 во 22:14 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ч.(39) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот бил запрен мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од З.Ч., при што било констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки мотоциклот е одземен. По документирање на случајот против З.Ч. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 09.04.2026 во 23:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го приведоа С.А.(43) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:50 часот во Гевгелија физички го нападнал А.Ѓ.(32) од Гевгелија. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link