Полициски билтен: пожар во угостителски објект во Струмица, се запалил автомобил во Гевгелија
Полициски билтен: пожар во угостителски објект во Струмица, се запалил автомобил во Гевгелија
На 15.10.2025 во 18:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во кујна на угостителски објект на ул.„Климент Охридски“ во Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.
На 15.10.2025 во 20.10 часот во Полициската станица Гевгелија, А.М.(33) од Стар Дојран пријавил дека насатанал пожар во неговото возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки во движење, кое го управувал кон неговиот дом. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Фото: ТППЕ Струмица