Полициски билтен:кај жител на Богданци пронајден амфетамин,жител на Јосифово возел без возачка дозвола, радовишанец ја тепал мајка си

На 01.04.2026 во 15:05 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ѓ.С.(52) од Богданци. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. и во момент кога се доближиле Ѓ.С. од рака фрлил едно пакување со амфетамин, кое е пронајдено и одземено. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.04.2026 во 09:30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода А.С.(27) од село Јосифово, валандовско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „даеву“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од А.С., при што било констатирано дека тој возилото го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 01.04.2026 во 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода К.Д.(35) од Радовиш. На 01.04.2026 во Полициската станица Радовиш, неговата мајка пријавила дека на 28.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.