Полициски билтен:обид за тешка кражба во „Здравствен дом“ во Радовиш, мигрант тешко повреден по пад од воз, пронајден починат маж во Богданци

 Полициски билтен:обид за тешка кражба во „Здравствен дом“ во Радовиш, мигрант тешко повреден по пад од воз, пронајден починат маж во Богданци

На 05.04.2026 во 17:00 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода О.Ф.(41) од Радовиш. Тој е осомничен дека околу 15:30 часот се обидел да изврши тешка кражба во една од просториите на ЈЗУ „Здравен дом“ Радовиш. Во службениот разговор тој го признал делото, за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по што О.Ф. е спроведен во КПУ „Затвор Штип“ каде издржувал затворска казна.

На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

На 05.04.2026 во 20:00 часот во Полициската канцеларија Богданци е пријавено дека во куќа во Богданци бил пронајден починат К.И.. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Share via
Copy link