Полициски билтен:повредени двајца мотоциклисти и двајца сопатници во Струмица и Радовиш

 Полициски билтен:повредени двајца мотоциклисти и двајца сопатници во Струмица и Радовиш

На 15.03.2026 во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 15.03.2026 во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на некатегоризиран пат во Радовиш, Т.Ј.(19) од Радовиш, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил и 14-годишен сопатник на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Фото: архива ислустрација

Share via
Copy link