„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:пронајдена марихуана кај радовишанец, пожар кај Моноспитово
На 18.07.2022 во 22.30 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Р.О.(23) од Радовиш затоа што при преглед во патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. На 19.07.2022 во 00.10 часот од слобода бил лишен и Ј.Р.(36) од село Василево, сопственик на моторното возило „ауди“.
Лицата се задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2022 во Полициската станица Струмица, Р.М.(41) од село Моноспитово, струмичко, пријавил дека околу 15.20 часот на место викано „Камберица“, атар на село Босилово, струмичко, настанал пожар кој зафатил нива со сува вегетација, нива засадена со пченица и овоштарник.
По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.