Полициски билтен:пронајдена марихуана во Струмица и Радовиш, физичка пресметка во Гевгелија
Полициски билтен:пронајдена марихуана во Струмица и Радовиш, физичка пресметка во Гевгелија

На 30.11.2025 во 04:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.И.(23) од Струмица затоа што кај него е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.11.2025 во 22:45 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода О.К.(27) од Радовиш затоа што кај него е пронајдена марихуана. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против О.К. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.11.2025 во 09:56 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во зграда на ул.„Ацо Шопов“ во Гевгелија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.К.(62) и Ј.П.(58), двете од Гевгелија. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.