Полициски билтен:пронајдени двајца затвореници побегнати од струмичкиот затвор, физички напади во Радовиш

 Полициски билтен:пронајдени двајца затвореници побегнати од струмичкиот затвор, физички напади во Радовиш

Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во Казнено – поправна установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.

На 01.04.2026 во 00:15 часот во Радовиш, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш е приведен Е.А.(40) од село Супурге, радовишко. Според пријавеното, тој на 31.03.2026 во 23:50 часот на бул. „Александар Македонски“ во Радовиш физички го нападнал У.В.(52) од село Конче, општина Конче. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2026 во 15:40 часот во Полициската станица Радовиш, З.М.(43) од село Ракитец, општина Конче, пријави дека околу 12:30 часот во село Ракитец, неговата  малолетната ќерка била физички нападната од две малолетни лица од истото село. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link