Полициски билтен:радовишанец и гевгеличанец возеле под „гас“, првиот предизвикал сообраќајка

 Полициски билтен:радовишанец и гевгеличанец возеле под „гас“, првиот предизвикал сообраќајка

На 13.12.2025 година во 02:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода В.К.(60) од Радовиш. Тој на ул. „8 Септември“ во Радовиш управувајќи патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода, а при контролата било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно дека имал 1.63 промили алкохол во крвта. В.К. е задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.12.2025 во 02:11 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Г.Р.(45) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.35 промили алкохол во крвта. Запознаен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – “Безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link