„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Помина првата недела од Струмица опен фестивал
Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отворено. Во првата фестивалска недела се одржаа два аеробик тренинзи, рекреативно ноќно искачување до локалитетот Цареви кули и традиционаната вечер на афоризми.
Програмата продолжува на ограничена локација во градскиот парк во недела, 16 август со Chill Day.
Следните четири денови ќе се одржат и четири филмски проекции на македонските филмови: „Година на мајмунот“, избор на краткометражни филмови од домашни автори, „Медена земја“ и „Три дена во септември“.
Линк до видеото: https://www.facebook.com/watch/?v=219236432821339