Премиера на претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во Струмичкиот театар

 Премиера на претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во Струмичкиот театар

Вечерва во Театарот „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски. Претставата е во чест на одбележувањето 30 години актерска дејност на Кољо Черкезов.

Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на претставата е Ацо Гогов, преводот од француски на македонски јазик е на Јадранка Стефкова, костимите се на Ванчо Василев, музиката на Марјан Неќак, дизајнот на плакатот е на Ване Костуранов, а видеомонтажата ја направи Марјан Ѓорѓиевски.

Share via
Copy link