Претреси во валандовско, лишени од слобода четири лица, пронајдени и одземени околу два килограми дрога

 Претреси во валандовско, лишени од слобода четири лица, пронајдени и одземени околу два килограми дрога

Полицијата соопшти дека на 22 јануари во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од  марихуана. 

Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.  

Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени  околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.

Share via
Copy link