Првооделенците во Струмица со свидетелствата добија и нови училишни униформи

 Првооделенците во Струмица со свидетелствата добија и нови училишни униформи

Со доделувањето на свидетелствата учениците од прво одделение од сите општински основни училишта добија нови училишни униформи.

Вкупно 456 ученици во новата учебна година од септември ќе зачекорат во нови и исти униформи со што Oпштина Струмица уште еднаш ја потврди својата грижа кон учениците создавајќу услови за практичност и еднаквост во училишните клупи.

Од Општината на сите ученици им го честитаат завршувањето на учебната година и им посакуваат пријатен летен одмор и собирање сили за новата учебна година.

Share via
Copy link