ОК ВМРО ДПМНЕ со реакција на соопштението на ОО СДСМ Струмица
РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата
Во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со техничка поддршка од општествено одговорната компанија “Бојта ИНГ”, ДООЕЛ Скопје, денес организираше едукативна и практична активност во Општинското основно училиште „Гоце Делчев“
Како дел од активностите, наставниците и учениците заедно со претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, го обновија пешачкиот премин пред училиштето, со обнова на хоризонталната сигнализација на постојниот пешачки премин, испраќајќи силна порака за значењето на безбедното движење на децата во сообраќајот.
Настанот беше спроведен заеднички со локалната самоуправа на Општина Босилово , Отсекот за превенција при СВР Струмица, директорот на училиштето и одделенски раководители. Заеднички, преку соработка помеѓу институциите, наставниот кадар и учениците, се потврди значењето на заедничките напори во унапредувањето на безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот.
Кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ има за цел да ја подигне свеста за безбедноста на децата како учесници во сообраќајот, особено во близина на училишта и градинки. Преку едукативни предавања и активности и интеракции со ученици кампањата се стреми да го намали бројот на сообраќајни незгоди во кои се повредени деца. Оваа активност претставува дел од пошироките заложби на РСБСП и партнерските институции за создавање побезбедни услови за движење на децата околу училиштата и подигнување на свеста кај возачите и сите учесници во сообраќајот.