Секретарот на Општина Струмица, Оџаков, во посета на Шведска посветена на климатска акција

 Секретарот на Општина Струмица, Оџаков, во посета на Шведска посветена на климатска акција

Александар Оџаков, секретар на Општина Струмица, од 4 до 8 март со делегација од градоначалници и претставници на 8 општини од Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа на студиска посета во Шведска посветена на климатска акција.

Целта на посетата беше да се запознаат со практичните мерки за заштита на животната средина, урбаното планирање и развој и соработката со академската заедница и граѓаните за создавање на одржливи и отпорни градови.

Учесниците имаа средби со претставници на општините Малме и Лунд, како и со универзитетите во Малме и Лунд и имаа можност да посетат локации каде климатската акција и одржливото урбано планирање се практично применети и видливи.

Студиската посета, во организација на „Еко-свест“ и поддршка од Шведска, овозможи нови знаења за учесниците и ја потврди потребата од заедничка соработка и размена на податоци и научени лекции. Беше евидентно дека иновацијата има движечка улога во напорите за одржливо живеење.

Учесниците ја оценија посетата како корисна бидејќи им овозможи да ги прошират своите видици и да размислат како одредени практики од Шведска може да се применат и кај нас, особено во делот на учеството на јавноста во заедничкото урбано планирање, улогата на академската заедница и експертите во прибирањето податоци кои ќе се применат во планирањето, како и меѓусебната соработка и размена на позитивни практики.

Share via
Copy link