Шапов: Пред нас се нови предизвици и можности

 Шапов: Пред нас се нови предизвици и можности

Интегрално обраќање на Блаже Шапов, актуелен градоначалник на Богданци и кандидат на СДСМ за локалните избори

Почитувани сограѓани,

Голема чест и задоволство ми е по трет пат да бидам кандидат за градоначалник на нашата општина. Ова за мене претставува не само признание за досегашната работа, туку и силна обврска да продолжиме заедно по патот на развојот и напредокот.

Кога го презедов раководењето со општината, се соочивме со сериозни предизвици – општина со значителни долгови и без наследен ниту еден подготвен проект. Денес, по два мандати на посветена и транспарентна работа, можеме гордо да кажеме дека ја претворивме нашата општина во финансиски стабилна средина, без долгови и со реализирани безброј проекти од вистинско значење за сите граѓани. Но, работата не застанува тука. Пред нас се нови предизвици и нови можности.

Во изминатите години бев градоначалник на сите граѓани – без разлика на политичката определба, за секој човек од секое населено место во нашата општина. Секогаш бев и останувам достапен и посветен, отворен за разговор, заеднички решенија и предлози.

Ви благодарам за вашата поддршка, доверба и за сите идеи и критики кои ме водеа низ изминатите години. Продолжуваме заедно – со уште поголема енергија, визија и љубов кон нашата општина.

Продолжуваме заедно!!! ЧЕСНО, ПОСВЕТЕНО и ОДГОВОРНО!!!

Share via
Copy link