fbpx

СОФ 2020: Медена земја со нов термин за проекција

 СОФ 2020: Медена земја со нов термин за проекција

Поради дождот кој два дена по ред ја зафати Струмица во вечерните часови, дел од филмската програма на СОФ 2020 беше откажана и добива нови термини.

Откажаното прикажување на краткометражните филмови „Стикер“, „Без љубов“, „Види ја ти неа“ и „Награда“ ќе се одржи вечерва, четврток од 21:00 часот. Веднаш по кратките филмови ќе се прикаже долгометражниот филм Три дена во септември.

Поместување има и за откажаната проекција на Медена земја која ќе се прикажува утре, петок од 22:00 часот. 

Организаторот потсетува дека за присуство на настаните од програмата на СОФ задолжително е носење лична заштита (маска, шал, марама), одржување физичко растојание и дезинфекција.

Share via
Copy link